Ракомет

Македонија ќе го отвори Европското првенство во ракомет

17.05.2023 10:15

Македонија ја доби честа против Франција да го отвори континенталниот шампионат. Ракометната репрезентација на Македонија доби тешка група на Европското првенство кое ќе се игра во Германија...

Македонија ја доби честа против Франција да го отвори континенталниот шампионат. Ракометната репрезентација на Македонија доби тешка група на Европското првенство, кое на почетокот на наредната година ќе се игра во Германија.

Македонија е во група со домаќинот, Франција и Швајцарија. Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го потврди распоредот и локациите на кои ќе се играат натпреварите на Европското првенство.

Отворањето на првенството ќе биде спектакуларно, од причина што Македонија и Франција, на 10 јануари од 18 часот ќе играат на фудбалската арена во Диселдорф. На оваа арена еден меч ќе одигра и Германија, против селекцијата на Швајцарија.