Денвер со победа ја започна серијата со Лејкерси во конференциското финале
17.05.2023 11:25
Најдобар играч во победничката екипа беше Никола Јокиќ кој стигна до трипл-дабл, 34 поени, 21 скок и 14 асистенции.
Денвер Нагетс ноќеска ги совлада Лос Анџелес Лејкерс во првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА со 132:126.
Најдобар играч во победничката екипа беше Никола Јокиќ кој стигна до трипл-дабл, 34 поени, 21 скок и 14 асистенции.
Во поразениот тим се истакна Ентони Дејвис со 40 поени и 10 скока.
Вториот натпревар во серијата ќе се одигра на 19 мај исто така на теренот на Денвер.
