Австралија
Камион удри во училиштен автобус во Мелбурн
17.05.2023 11:51
Седум ученици од основно училиште се хоспитализирани поради повреда во сообраќајна несреќа во Мелбурн...

Седум ученици од основно училиште се хоспитализирани поради повреда во сообраќајна несреќа во Мелбурн.
Во автобусот, кој се судрил со камион, па се превртел, имало 45 патници. В болница е пренесен и возачот.
49-годишниот камионџија, кој е одговорен за несреќата, е уапсен и осомничен за опасно возење со тешки последици.
