Албанскиот јазик да влезе во Уставот, порача Таравари од Вашингтон
Лидерот на Алијансата за Албанците, Таравари во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека албанскиот јазик не треба да стои како проценти, туку како јазик кој што и формално и правно се користи во државата.

Лидерот на Алијансата за Албанците во САД на средби во Стејт департментот, Конгресот и во Сенатот. Таравари во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека албанскиот јазик не треба да стои како проценти, туку како јазик кој што и формално и правно се користи во државата.
„Од албанските партии апсолутно сите се за тоа, и од македонските јас не гледам поголема пречка и СДСМ и ВМРО и декларативно. Меѓутоа и меѓу нас кога зборуваме, па дури и претседателот на државата пред неколку дена кажа дека е апсурдно да се користат проценти за еден јазик кој што и формално и правно се користи во државата. Така да се надевам дека овој е моментот кога ќе ги направиме овие промени заедно со воведување на Бугарите во преамбулата и тераме понатаму со европската агенда којашто нема друга алтернатива за нашата држава“, изјави Таравари за „Гласот на Америка“.
