Македонија

Обилните врнежи од дожд го зголемија нивото на реките

17.05.2023 12:03

Обилните врнежи од дожд го зголемија нивото на реките во земјава. Вардар кај Јегуновце, кај железничкиот мост во Скопје и во Велес е над просекот во мај – покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи...

Обилните врнежи од дожд го зголемија нивото на реките во земјава. Вардар кај Јегуновце, кај железничкиот мост во Скопје и во Велес е над просекот во мај – покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

Зголемување во водостоите се измерени и на реката Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска бања, Брегалница кај Штип и реката Струмица кај Сушево. Пониско ниво во просекот на мај има реката Црни Дрим кај Ложани, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.

Кај езерата пак, состојбата на водостојот е во рамките на просекот за месец мај.