Тетово

Тик-Ток анестезиологот од Тетово осуден на една година и три месеци затвор

17.05.2023 12:37

Анестезиологот од тетовската болница Валтон Дервиши кој споделуваше видеа од пациенти на „Тик – Ток“ е осуден на една година и три месеци казна затвор...

Анестезиологот од тетовската болница Валтон Дервиши кој споделуваше видеа од пациенти на „Тик – Ток“ е осуден на една година и три месеци казна затвор.

Дервиши беше обвинет за несовесно работење и неовластено снимање. Во судницата имаше и сведоци на настанот, односно лекари и медицински персонал кои биле присутни во гинеколошкото одделение додека анестезиологот во живо ги пренесуваше снимките од жените во болницата на „Тик-Ток“.

Судијата Назиф Илијази напомена дека на Дервиши никогаш досега не му се судело, анестезиологот рече дека знае за што е обвинет, го прифаќа обвинението и дека се кае за тоа што го направил.