Социјала

Тренчевска: Не затаиле институциите во случајот со 14-годишното девојче

17.05.2023 12:42

Девојчето не било во згрижувачко семејството. За неа и нејзиниот брат и сестра се грижела жена којашто му била позната на семејството...

Не затаиле институциите во случајот со 14-годишното девојче кое две години било жртва на трговија со луѓе, вели министерката за труд и социјална политика. Девојчето не било во згрижувачко семејството. За неа и нејзиниот брат и сестра се грижела жена којашто му била позната на семејството.

Министерката вели дека во згрижувачките семејства се прават ненајавени редовни контроли од социјалната инспекција и стручни тимови од центрите за социјална работа. Досега нема пријавени случаи на малтретирање на дете во згрижувачко семејство.

Во земјава има 360 згрижувачки семејства, во кои се вдомени 600 деца. Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ ќе работат да се зголеми бројот на семејства кои се подготвени да вдомат деца.

 

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски