Македонија

ССМ: Пратениците да не прават од работниците робови

17.05.2023 12:47

Синдикатот ги потсетува дека работниците не ги бирале за да носат закони опасни по безбедноста и здравјето на работниците, за да им создаваат нечовечки услови за работа и за да ги жртвуваат нив наспроти бизнис интересите на поединци...

Сојузот на синдикати на Македонија ги повикуваат пратениците на разум. 72 часа работно време не смее да се дозволи во Македонија, ги повикуваме пратениците да не прават од работниците робови, единствено поради тоа што тие робуваат и слугуваат на одредени структури, соопштуваат од ССМ.

Синдикатот ги потсетува дека работниците не ги бирале за да носат закони опасни по безбедноста и здравјето на работниците, за да им создаваат нечовечки услови за работа и за да ги жртвуваат нив наспроти бизнис интересите на поединци.

Повикуваме на разум, на почитување на човековите и работничките права-велат од ССМ.

Синдикалците со апел до пратениците да им се приклучат на работниците и на апелите на граѓаните и Европската унија, и да се спротивстават на воведувањето на 72 часовна работна недела.