Негативни демографски трендови – иселувањето ја празни Македонија
Сѐ помалку матуранти и студенти – иселувањето ја празни Македонија. За речиси две децении, вкупното население се намалило за 10-ина проценти...

Сѐ помалку матуранти и студенти – иселувањето ја празни Македонија. Земјава се соочува со негативни демографски трендови.
Последниот попис, покажа дека населението во нашата држава рапидно старее. За речиси две децении, вкупното население се намалило за 10-ина проценти.
Министерството за труд и социјална политика работи на нов стратешки документ за демографски политики. Целта е да се обезбедат услови за планирање семејство, за ставање крај на мајчинската смртност, на родово базираното насилство, малолетничките бракови. И кај нас, стапката на фертилитет е под нивото на репродукција.
Дополнителен проблем е немањето пристап до квалитетни здравствени услуги.
Ана Јосифовска Тодоровска
