Тензично и по референдумот во Источна Украина
Состојбата на ниту војна ниту мир што ги зафати источноте украинските региони Доњецк и Славјанск, по одржаниот плебист, за подобар живот за што најмногу се залага проруското населeние, внесе голем немир во оние срединте каде до вчера мирно се живееше.

Раздвиженоста на украинската војска од една страна и се помасовната мобилизација на прорусите со униформа без ознаки, без сон ги остави жителите од селото Приволие, кое се наоѓа на само 5 километри од Славјанск.
Настаните што со денови се случуваат во источна Украина, внесоа голем немир и неспокојство и мегу жителите од внатрешноста на Донецкиот регион. Мештаните од селото Приволие, одеднаш се најдоа во воена зона.
Вестите што пристигнуваат од Славјанск, којшто е неофицијално седиште на проуските одреди, наречени зелени, внимателно ги слушаат и за она што би можело да се случи доколку продолжи неивесноста.
„Не сум на ничија страна, јас само со оваа пушка сакам да го одбранам моето огниште и семјството“, изјава на еден граѓанин.
„Ние сме од работнички регион, некогаш овој крај беше расадник на работници ,преживувавме некако, но што ке биде сега кога оружјето е насекаде е околу нас“, рече Татјана Панченко.
„Мојата генерација растеше без војна, Сета оваа галама од тенкови кои што поминуваат низ нашето село, не плаши за иднината на сите.
„Ние не сакаме над нашите глави да летаат хеликоптери и да шетаа вооружени луѓе со разни униформи“, изјава на жител на Приволие.
На само неколку километри од Приволие во Славјанск, јавносота е со различен став за иднината во регион, од тоа дека крајно време беше луѓето да кажат не на потчинетоста и сиромаштијата па до тоа дека сето ова е креација на едно страшно руско сценарио.
„Животот го поминав овде, зарем сега ќе ми треба пасош, за да ги видам моите внуци кои што живеат во Киев“, изјава на жител од Славанск
И во исчекување, што ке донесе утрешниот ден, затоа дали фитилот кој што се запали на истокот од земјата ќе се разгоре или пак сепак лошто ке помине, селаните од Првилие, живеат во исчекување но и надеж дека можеби наскоро без страв ќе ги завршат земјоделските работи на нивите од којшто со години живеат.
Мирјана Василева
