Марулата го зајакнува имунитетот

17.05.2023 13:35

Минералите кои ги содржи зелената салата го намалуваат штетното влијание на слободните радикали во телото, па така штитат од вирусни инфекции и слични болести. Исто така, големата количина на витамин Ц поволно делува на имунитетот.

Зошто почесто треба да јадете марула? Оваа зелена салата е богата со минерали како калиум, калциум и натриум. Исто така содржи и голема количина на витамини – изобилува со витамин Ц кој го штити организмот од настинки и грип и витамин Е кој е силен природен антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетувања. Витамините А и Б2 кои исто така ги содржи во голема количина, се корисни за очите, косата и кожата.Покрај тоа содржи и фолна киселина, фосфор, железо, магнезиум, бакар, манган и цинк. Има многу висок процент на вода, па на тој начин го хидрира организмот.

Минералите кои ги содржи зелената салата го намалуваат штетното влијание на слободните радикали во телото, па така штитат од вирусни инфекции и слични болести. Исто така, големата количина на витамин Ц поволно делува на имунитетот.

Зелената салата е добра за сите кои се обидуваат да изгубат вишок килограми бидејќи има релативно висок процент на влакна. Намирниците кои се богати со влакна помагаат да се чувствуваме сито и со помала количина на храна, а освен тоа го забрзуваат метаболизмот.

Поради големата количина на влакна, овој зеленчук поволно делува на работата на цревата и го олеснува празнењето.

Зелената боја на салатата потекнува од хлорофилот кој има благотворно дејство во случај на стеснување на крвните садови, а се верува дека може да го регулира крвниот притисок како и да ја поттикне активноста на срцевиот мускул.