Франција

Потврдена пресудата за Саркози

17.05.2023 14:03

Францускиот апелациски суд ја потврди пресудата против поранешниот лидер на француската десница, и поранешен претседател на Франција, Никола Саркози...

Францускиот апелациски суд ја потврди пресудата против поранешниот лидер на француската десница, и поранешен претседател на Франција, Никола Саркози.

Тој е обвинет за корупција и трговија со влијание преку тајна телефонска линија што беше откриена со прислушување. Осуден е на три години затвор, од кои две се условни, а една година да носи електронска алка на ногата наместо престој во затвор. Неговата адвокатка најави жалба до судот.

Саркози е првиот поранешен француски претседател осуден на затворска казна. Неговиот поранешен „ментор“ Жак Ширак во 2011 година беше осуден на двегодишна условна затворска казна во случајот со фиктивни вработувања во градот Париз.