Поради неиздавање фискални сметки УЈП затвори над 100 деловни објекти

13.05.2014 20:20

Неиздавањето фискална сметка им ги запечати објектите на 101 деловен субјект од 665 кои ги контролираше управата за јавни приходи.

Издадени им се решенија и нема да може да ја вршат дејноста од 15 до 30 дена зависно од тоа дали имале или не фискален апарат.

„Решенијата веќе им се издадени на овие субјекти, во тек е нивно запечатување и изречени им се глоби кои што ќе треба да ги платат“, вели Драган Тодоровски, канцеларија за односи со јавноста при УЈП

Најголем број од затворените објекти - 35 се од Скопје, следуваат Битола, Струмица и Гостивар,  а ги има во уште 21 општина.

Посетивме неколку продавнички, кои иако маалски, водат сметка за финансиското работење и правилно да си го регистрираат прометот.

 „Прометот е како и секој ден, вообичаено“ изјава на една продавачка на прашањето каков е прометот денеска.

И не само тие, и потрошувачите веќе се свесни за тоа дека неиздавањето фискална сметка значи оштетување на буџетот.

„Обавезно ја барам фискалната сметка, овде не се случило, секогаш даваат фискална сметка“, изјава на една госпоѓа.

Има некои, ги оставаат“, изјави една продавачка на прашањето дали има граѓани кои не ги земаат фискалните сметки.

Управата за јавни приходи ќе продолжи да ги советува и да ги повикува даночните обврзници да се придржуваат на правилното финансиско работење и регистрирање на готовинскито промет.

 Фиљана Кока