Политика

Сарацин на средба со пратениците за уставните измени

17.05.2023 17:25

Уставните измени, главна тема на разговорите на германскиот специјален пратеник за Балканот Сарацин со македонските пратеници. Тој побарал да се искористи моментот. Власта тврди дека преговарачката рамка не може да се менува и постои опасност да останеме заглавени во предворјето на Унијата. ВМРО-ДПМНЕ и по средбата со Сарацин остана на ставот дека ќе нема промена на уставот во овој пратенички мандат...

Преговарачката рамка е утврдена со 27-те земји-членки. Не станува збор ниту за француски, ниту за бугарски предлог, туку за европски, основа за продолжување на пристапните преговори со ЕУ – ова го истакнаа пратениците од СДСМ по средбата со специјалниот германски пратеник Сарацин. Уставните измени – главна тема на разговорите. Од СДСМ велат дека е неопходно да се внесат бугарите во преамбулата за да се одржи втората меѓувладина конференција и да почнеме со отворање поглавја.

Опозицијата и по средбата со Сарацин остана на ставот дека нема овој пратенички состав нема да испорача уставни измени оти за тоа нема мандат од народот.

Сарацин се сретна и со пратеници на Алијанса на Албанците, Беса, Алтернатива, со пратеникот Павле Трајанов.

 

Игор Панов