Работнички во “плеј офот“ преку Кожув, за малку од готово - вересија

13.05.2014 20:34

Кошаркарите на Работнички го совладаа Кожув со 69 : 66 и се изборија за место во плеј офот за титулата.

Најуспешниот кошаркарски клуб во мак - кошарката го одигра натпреварот од 10 суперлигашко коло под голем императив и во грч. Стартуваа со голем број промашувања уште во првиот период во кој постигнаа само 10 а примија 12 поени. Со фанатична борбеност ја одиграа и втората 1 / 4 –на, кога во вторите пет минути направија серија од 9 : 0 и дојдоа до 28 : 19. Во последната минута пред одморот за првпат остварија двоцифрена разлика, која Чупковиќ со тројка  ја сведе на 31 : 24.

Вториот период Гевгеличани го почнаа со серија од 5 поени за доближување на 31 : 29, што беше вовед во поефикасна завршница во најквалитетниот дел од мечот. Од една страна беа расположените Икониќ и Петровски, на спротивната парираа Мијајловиќ и Штерјов. Сепак во вторите 5 минути Работнички дојде до 13 разлика за 49: 36, која беше контролирана до крајот на периодот, за 52  : 42. Во почетните две минути од завршниот период Работнички дојде до 12 предност, но Пековиќ успеа да ја намали на 6. Кнежевиќ врати идентично за враќање на двоцифрената предност, која на 4 минути до крајот достигна највисоки 67 : 52. Но, тука домашните кошаркари застанаа, а Кожув дојде до 11 едноподруго поени и намали на 67 : 63, рпмашуваа од чисти позиции а гостите ги делеше прецизен шут за тројка за продолжение. 

Иако конфузен во општиот хаос во последните минути, Икониќ беше најефиаксен со 22 поени и 8 скокови, а 10 поени постигна Петровски кој имаше и 6 асистенции. Кај гостите се истакна Мијајловиќ со 20 поени, а одлична партија пружи пенов со 11 поени и 5 скокови.   

Со ова победа, Работнички му се приклучи на МЗТ Скопје, Кожув и на Лирија но за конечниот пласман на табелата и полуфиналните плеј оф пресметки ќе почекаме до утрешниот натпревар меѓу Лирија и МЗТ Скопје.