Временска прогноза

Времето денес променливо облачно со повремен дожд

18.05.2023 08:22

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд. Околу пладне и попладне во западните делови од државата ќе има пообилни врнежи и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степени.