Правда

Јавна дебата за Предлог законот за помилување

18.05.2023 08:25

Министерството за правда денеска во Клубот на пратеници ќе организира јавна дебата за Предлогот на законот за помилување...

Министерството за правда денеска во Клубот на пратеници ќе организира јавна дебата за Предлогот на законот за помилување.

Како што е најавено, на дебатата ќе се обрати министерот за правда Кренар Лога, проф. д-р Бобан Мисоски, претседател на Работната група на Предлогот на Законот за помилување и проф. д-р Александар Спасов, научен соработник од областа на надворешната политика, внатрешната политика и уставни прашања на Претседателот на Северна Македонија.