Претседателот на Собранието на 10. Пленарна сесија на ПСЈИЕ
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска и утре, ќе учествува на 10. пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што ќе се одржи во Будва во организација на Црногорското претседавање со Процесот 2022-2023...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска и утре, ќе учествува на 10. пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што ќе се одржи во Будва во организација на Црногорското претседавање со Процесот 2022-2023.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери во својство на шеф на Делегацијата во ПС на ПСЈИЕ, во чиј состав е и пратеникот Мартин Костовски, ќе има обраќање на јубилејната 10. сесија на оваа иницијатива.
Оваа година се одбележуваат 10 години од постоењето на ПС на ПСЈИЕ што е и главна тема на настанот: „Десет години ПС на ПСЈИЕ. Подобра интеграција и поизвесна ЕУ перспектива на регионот на ПСЈИЕ во наредната деценија. Заедно во ПСЈИЕ – Заедно во ЕУ“.
На пленарната сесија се очекува да биде усвоена завршна декларација.
