Денеска бесплатен влез во сите музеи низ целата земја по повод Меѓународниот ден на музеите
Секоја година, од 2020-та година, Меѓународниот ден на музеите поддржува збир на цели од целите за одржлив развој на Обединетите нации. Во 2023-та ќе се фокусира на глобалното здравје и благосостојбата, акција за климата и живот на копно...

Секоја година, од 2020-та година, Меѓународниот ден на музеите поддржува збир на цели од целите за одржлив развој на Обединетите нации. Во 2023-та ќе се фокусира на глобалното здравје и благосостојбата, акција за климата и живот на копно.
Како што е нагласено во Резолуцијата на ICOM „За одржливост и имплементација на Агендата 2030, трансформирање на нашиот свет“ (Кјото, 2019), сите музеи имаат улога во обликувањето и создавањето одржливи иднини, а тоа можат да го направат преку едукативни програми, изложби, пристап до заедницата и истражување.
Денеска, од 11 часот започнуваат активностите на Програмата за советување. Модератор е Владимир Благојевиќ, советувањето е под наслов „Музеи, одржливост и благосостојба“ и ќе трае до 17 часот.
Како што е најавено, музеите во земјава традиционално ќе ги отворат своите врати и ќе овозможат бесплатен влез за посетителите.
Овој датум, музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977-ма година.
