Кошарка
Мајами Хит го победи Бостон Селтикс
18.05.2023 09:30
Резултатот во серијата прв до четири е 1-0. По првото полувреме Селтикс водеше со 66-57, но работите се променија во третиот период во кој Мајами даде 46 поени, а прими 25...

Мајами Хит ноќеска го победи Бостон Селтикс со 123:116 во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Резултатот во серијата прв до четири е 1-0. По првото полувреме Селтикс водеше со 66-57, но работите се променија во третиот период во кој Мајами даде 46 поени, а прими 25. Дојде до предност која ја одржа до крајот за победа од 123-116.
Најзаслужен за победата на „жешките“ е Џими Батлер кој постигна 35 поени.
Во финалето на Западната конференција од плејофот во НБА-лигата, Денвер Нагетс води со 1:0 против Лос Анџелес Лејкерс.
