Невреме
Регионот зафатен од поројни дождови
18.05.2023 09:39
Силно невреме ја зафати Србија. Изобилните врнежи предизвикаа поплави во Војводина. Три лица биле евакуирани, а две се повредени во невремето во Нови Сад...

Силно невреме ја зафати Србија. Изобилните врнежи предизвикаа поплави во Војводина. Три лица биле евакуирани, а две се повредени во невремето во Нови Сад.
Под вода останаа многубројни улици и куќи во Зрењанин. Силно невреме го зафати и Крагуевац. Издадено е предупредување за водостојот на реката Сава кај Шабац.
Вонредната состојба сè уште во сила и во неколку градови од северозападот на Босна и Херцеговина. Националниот парк „Крка“ во хрватска првпат е затворен за посетители поради поплавите. Најтешка ситуацијата во Костајница и Карловац.
