Нови воздушни напади врз Киев
Руските сили повторно жестоко удрија врз Киев и украинските градови со дронови и ракети...

Руските сили повторно жестоко удрија врз Киев и украинските градови со дронови и ракети. Украинската противвоздушна одбрана тврди дека успеала да ги собори сите непријателски воздушни цели над метрополата, по што избувнале пожари во две киевски области од остатоците што паднале. Гранатирани се и области во регионите Суми, Чернихив, Днипро и Запорожје. Жртви и повредени во Одеса, дете загина во напад во Керсон. Зеленски повика да се изврши поголем притисок врз Русија.
„Сето ова повторно и повторно докажува дека ни треба уште поголема консолидација на светот за да извршиме притисок врз Русија, уште повеќе сила за нашите војници да ја уништат секоја позиција на терористите, уште поголема поддршка за нашиот народ да спаси животи и да ја врати безбедноста во нашите градови и села“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Последните денови Киев неколкупати беше цел на руските воздушни напади. Москва тврди дека успеале да уништат систем за противвоздушна одбрана „патриот“ испорачан од САД. Од Вашингтон велат дека штетата на системот мала и дека и натаму може да се употребува.
