Јапонија
Хирошима се подготвува за самитот на Г-7
18.05.2023 09:40
Лидерите на г-7 пристигнуваат во Хирошима за утрешниот самит на кој ќе се разговара за построги санкции кон Русија и заштитата од кинеската „економска принуда“...

Лидерите на г-7 пристигнуваат во Хирошима за утрешниот самит на кој ќе се разговара за построги санкции кон Русија и заштитата од кинеската „економска принуда“.
Во текот на следните три дена, лидерите, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, ќе се обидат да формираат обединет фронт за Русија, Кина и ќе разговараат за уште многу други неодложни прашања во кои интересите на сојузниците не се секогаш усогласени.
Сепак, во фокусот на разговорите ќе биде руската 15-месечна инвазија врз Украина. Безбедносните мерки се на највисоко ниво.
