Ивановски и Ѓорческа се пласираа во втората рунда од ИТФ турнирот
Ивановски исто така не го комплетираше дуелот против Матија Жугиќ од Србија која по водството на нашиот тенисер од 6:3 се повлече од теренот, Ѓорческа, која е поставена за трета носителка во првото коло ја елиминираше Романката Илона Георгијана Гиорае, која го предаде мечот во третиот сет при водство на нашата тенисерка од 3:1...

Лина Ѓорческа и Калин Ивановски се пласираа во втората рунда од ИТФ турнирот што се одржува во Куршумлиска бања. Ивановски исто така не го комплетираше дуелот против Матија Жугиќ од Србија која по водството на нашиот тенисер од 6:3 се повлече од теренот. Македонскиот најдобар тенисер, кој е поставен за седми фаворит во второто коло ќе се соочи со Микалај Халијак од Белорусија.
Ѓорческа, која е поставена за трета носителка во првото коло ја елиминираше Романката Илона Георгијана Гиорае, која го предаде мечот во третиот сет при водство на нашата тенисерка од 3:1. Првиот сет Гиорае го реши во своја полза со 6:2, а потоа Ѓорческа израмни откако славеше со 6:3.
