Монтана прва го забранува „Тик-Ток“
Гувернерот на американската сојузна држава Монтана, Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на популарната платформа за споделување кратки видеа „Тик-Ток“ во државата и стана првата американска држава што ја забранува апликацијата на кинеската компанија...

Гувернерот на американската сојузна држава Монтана, Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на популарната платформа за споделување кратки видеа „Тик-Ток“ во државата и стана првата американска држава што ја забранува апликацијата на кинеската компанија.
Мерката стапува во сила од 1-ви јануари следната година. Тик-Ток, која има повеќе од 150 милиони корисници во САД, сè повеќе е предмет на повици за нејзина забрана поради загриженоста од можното влијание на кинеската држава со социјалната мрежа.
