Гватемала
Земјотрес од 6,4 ја погоди Гватемала и делови од јужно Мексико
18.05.2023 10:03
Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Гватемала и делови од јужно Мексико, засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Гватемала и делови од јужно Мексико, засега нема извештаи за жртви или материјална штета.
Земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтер се случил на длабочина од 252 километри, а неговиот епицентар бил на околу 2 километри југоисточно од општината Канила во Гватемала. Властите за цивилна заштита во јужната мексиканска држава Чиапас, соопштија дека нема повредени или материјална штета.
