Помал број мигранти од очекуваното во САД
Градоначалниците на неколку американски градови бараат средба со претседателот Бајден поради проблемот со мигрантите. Велат – ресурсите се трошат, потребна ни е федерална помош. По укинувањето на пандемските рестрикиции се очекуваше нагло зголемување на карваните од Мексико, но во последните денови е евидентиран пад на бројот на лица. Депортациите и предупредувања дадоа резултати, сметаат властите на двете страни на границата.

И покрај предупредувањата за масовни мигрантски бранови по истекот на мерката позната како „Наслов 42“ – ограничувања поради Ковид-19, САД се соочија со помали карвани. Вашингтон и Мексико веруваат дека депортациите и предупредувањата ги премислиле оние кои планирале незаконски да влезат на американска територија. Властите и војската остануваат во состојба на готовс. Градоначалниците на Њујорк, Лос Анџелес, Хјустон и Денвер побараа средба со претседателот Бајден.
„Народот уште не прифаќа дека ова е криза. Бев во Ел Пасо. Спијат на аеродроми, по улици. Сè уште не го видовме масовниот бран, но минатата недела во нашиот град дојдоа 4.200 луѓе“, изјави Ерик Адамс-градоначалник на Њујорк.
Во Големото јаболко беше одржан и протест. Дел од основните училишта се користат како засолништа. Родителите се загрижени за безбедноста на децата откако десетици азиланти беа сместени во фискултурна сала.
„Постојат други решенија кои би им помогнале на овие деца, семејства, но во најголем случај се возрасни мажи. Не се чувствувам безбедно поради тоа што возрасни мажи, без здравствени и полициски проверки се во близина на нашите деца“, изјави жител.
Карваните се соочуваат со сериозни проблеми и пред да ја минат границата. Во северно Мексико е пријавено киднапирање на група од педесетина мигранти. Според локалните медиуми, киднаперите барале откуп во износ од 1.500 долари по човек.
Во регионот оперираат повеќе нарко-картели. Слични инциденти беа регистрирани и во последните неколку месеци.
Маја С. Филдишев
