Туризам

Промовиран битолскиот градски водич „Bitola City Guide 2023“

18.05.2023 11:31

Битолскиот туризам доби нов градски водич „Bitola City guide 2023“ Оваа туристичка брошура во печатена и електронска верзија е заедничка иницијатива на туристичките работници и давателите на најразлични услуги. Целта е туристите од прва рака да дојдат до информација каде можат нешто да купат или полесно да се движат низ градот...

Помладата генерација на туристички работници од здружението „Дојди, види уживај“ во пресрет на почетокот на летната туристичка сезона ја промовира новата туристичка брошура „Битола Сити Гајд“ Градски туристички водич кој по зачмаеноста на туризмот од пандемијата и различните кризи ќе биде една одлична алатка во рацете на домашните и странските туристи кој ќе ја посетат Битола, насока каде тие можат квалитетно да го поминат времето, но и провокација да останат ден повеќе.

Овој вид на туристички водич засега е само во англиска верзија и има печатена верзија со поважните знаменитости како и електронска апликација. И едната и другата верзија туристите ги добиваат бесплатно.

Тие очекуваат до израз до дојде и меѓусебната соработка на давателите на услуга и да се надминува бизнис суетата. Колку ќе биде ефикасна оваа нова алатка први ќе почувствуваат нашите иселеници кои годинава се очекува да дојдат во голем број за што потврдуваат и веќе направените резервации во сместувачките капацитети.

 

 

Стевче Митревски