Над 200 загинати во експлозија на рудник во Турција

14.05.2014 09:59

Над 200 рудари се загинати во страшната несреќа што се случи во западна Турција при експлозија и пожар во рудник за јаглен. Стотици рудари се уште се заробени во рудникот, проади што властите стравуваат дека бројот на жртви ќе расте. Несреќата се случила во областа Сома, на околу 250 километри јужно од Истанбул.

Се претпоставува дека експлозијата ја предивикал дефект на електричната мрежа, што довело и до прекин на функционирањето на лифтовите во рудникот. Во моментот на несреќата во рудникот имало 787 рудари, а дел од нив успеале да се спасат.

„За жал, последните бројки покажуваат дека има над 200 загинати. Исто така 80-мина се повредени. Меѓу нив има и луѓе коишто не се рудари, туку луѓе кои пристигнаа овде по несреќата“, изјави Танер Јилдиз, Министер за енергетика на Труција.

Спасувачките екипи се обидуваат да доведат кислород до галериите коишто се наоѓаат два километра под површината на земјата, за да ги спасат блокираните рудари. Во операцијата за спасување учествуваат и војници и спасувачки екипи од соседните градови и провинции.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја откажа планирата посета на Албанија и се очњкува да допатува во областа Сома на местото на несреќата. Според податоците на турското Министерство за труд, рудникот последен пат бил контролиран на 17 март, и тогаш не биле откриени никакви прекршоци на правилата за безбедност на трудот.

Инаку најголемата трагедија во рудник во Турција се случила во 1992 година, кога во експлозија загинаа 270 лица во рудникот Зонгулдак. 

Марина Автовска