Сообраќај

МВР: 63 санкции за недавање првенство на минување

18.05.2023 11:46

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за првенство на минување на територијата на Република Северна Македонија...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за првенство на минување на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 63 возачи.

Од нив, 16 на територијата на СВР Битола, 12 на територија на СВР Тетово. За време на контролата санкционирани се и 140 други видови на прекршоци, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.