Колумбија

Пронајдени преживеани две недели по авионска несреќа во Колумбија

18.05.2023 11:49

Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, беа пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла во колумбиската провинција Какета...

Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, беа пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла во колумбиската провинција Какета.

Децата биле пронајдени од спасувачите, придружени со кучиња трагачи, кои претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат и импровизирани засолништа.