Се подготвува ново законско решение за помилување
Професори и експерти со свои предлози-бришење на аболицијата, помилувања само по правосилна судска пресуда. Можност претседателот за „Илинден“ и за Нова година да дава помилувања, но само по поднесена лична или молба од блиски лица…

Да се избрише аболицијата, помилувања да има само по правосилна судска пресуда. Експерти, невладини организации и политичари, на заедничка маса го пеглаат новото законско решение со кое затворениците ќе се помилуваат. Има предлог, шефот на државата на „Илинден“ и на Нова година да дава помилувања, но само по поднесена лична или молба од блиски лица, а треба да се уреди и прашањето, дали претседателот ќе помилува по службена должност.
Професорката Дескоска, вели, оти предложеното решение не го минува тестот за антикорупциска проверка.
Поранешниот пратеник, Малиша Станковиќ, бара да се заострат казните за институциите кои нема навремено да постапуваат. Смета дека законот треба да се дополни и со критериуми, по кои ќе се доделуваат помилувањата.
Стручната јавност е согласна дека постојниот закон, мора да се менува затоа што е стар 30 години и има многу празнини. Новиот текст треба да гарантира транспарентна постапка и правна сигурност.
Анита Димитријевска Велковска
