Промоција на зборник на трудови „Антево дело“
Во Порта Македонија, ќе биде промовиран Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“, одржан во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски...

На 22 мај 2023 година, со почеток во 19:00 часот, во Порта Македонија, ќе биде промовиран Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“, одржан во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски. Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.
На овој, втор по ред симпозиум за Антевото творештво, беа презентирани реферати во живо и снимени излагања на еминентни научни работници, лингвисти и писатели преку видео обраќања (поради ковид мерките), во кои се третирани литературни, литературно-теориски, јазични и теми од историја на уметност и естетика. Зборникот на трудови „Антево дело“ се очекува да биде промовиран и претставен и во некои други градови во земјата.
