Бриселскиот аеродром Завинтем ја поврзува европската престолнина со светот
Аеродромот Завентем во Брисел ја поврзува европската престолнина со 225 дестинации. Во него свои преставништва имаат 100-тина авиокомпании, од тие причини Завентем нуди и најголем избор на билети со ниска цена за многу дестинации без разлика дали станува збор за ниско буџетна компанија или пак не.

Аеродромот Завентем во Брисел ја поврзува европската престолнина со 225 дестинации. Во него свои преставништва имаат 100-тина авиокомпании, од тие причини Завентем нуди и најголем избор на билети со ниска цена за многу дестинации без разлика дали станува збор за ниско буџетна компанија или пак не.
„Навистина е тешко да се одговори што се всушност ниско-буџетните компании. Некои од нив се многу конкретни –Рајан еар, Изи џет, Фуелинг, тоа се чисто ниско буџетни компании, но ако ја видите понудата на другите комапнии како на пример Брисел еарлајн или Џетеар ќе забележите дека нудат дури и пониски цени на билетите, од компаниите кои се чисто ниско буџетни“, изјави за МРТ Жан Ван де Круз портпарол на аеродромот „Завентем“.
На врвот на листа на европските дестинации на нискобуџетните компании се Барселона, Малага, Рим, Венеција, Лондон, додека од светските на прво место пак е Големото јаболко Њујорк и Тел Авив.
„Ако има поголема побарувачка и во шпицот на сезоната цената на билетите е поскапа, но ако летате во фебруари кога генерално никој не е заинтересиран за патување цените се доста атратикнивни“, вели де Круз.
Патниците кои поминуваат преку Завентен се задоволни од условите кои ги нуди аеродромот, а секако постојат и исклучоци на кои снаодливоста во светските аеродроми не им е јака страна.
„Јас сум многу задоволен, досега не сум имал никакви проблеми... Луѓето немаа каде да се информираат, што е срамно за главен град во Европа“, велат случајно анкетираните патници.
Завентем е акционерска компанија со 25% учество на државен капитал и 75% приватни инвеститори.
„Завентем“ има за цел да стане најголем, најефикасен и нај пријателски аеродром во Европа. Аеродром во Брисел ги исполнува специфичните потреби на бизнис елитата како и слободното време на патници за европските и останатите долги дестинации.
Марина Стојанова-Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
