Собранието работи со полна пареа, законите за коридорите на брза лента
Во Собранието расправа за по Предлог законските измени за урбанистичко планирање. За дискусија пријавено главно пратеници од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека со пакетот измени на Законите за изградба на коридорите се крши Уставот. Во Комисијата за европски прашања пак е законот за градење...

Опозицијата контра измените во Законот за урбанистичко планирање. Против се и дел од коалициските партнери во власта. Со ваквите непромислени постапки се суспендира правната држава, а законот не треба да се менува за поединечни случаи беше кажано од говорницата.
Од мнозинството одговараат дека се менуваат закони кои на граѓаните ќе им донесат бенефит. Коридорите 8 и 10-д ќе бидат изградени по европски терк, и нема никаков криминал.
5-те законски измени паралелно се разгледуваат на пленарка и во Комисијата за европски прашања. Комисиска расправа се води за Предлог-законот за градење. На дневен ред преостануваат предлогот за експропријација и измените и дополнувањата со кои се регулира начинот на реализација на наведените даночни и царински ослободувања.
Миле Ристески
