Меѓународна конференција на проценители во Охрид
Нестабилните пазари поради инфлацијата, енергетската криза и војната во Украина се одразија и врз проценителите. Токму поради овие влијание во светски рамки недвижностите бележат голем раст. За да се добие што пореална вредност мора да се следат стандардите и меѓународните и европските стандарди, но и да се преземаат искуства од поразвиените земји, порачаа експертите на денешната Конференција на проценители во Охрид...

Здравствената и енергетската криза, војната во Украина и инфлацијата се клучните предизвици со кои се соочуваат проценителите во земјава. Токму поради овие влијание, во светски рамки, недвижностите бележат голем раст.
За да се добие што пореална вредност, мора да се следат стандардите и меѓународните и европските, но и да се преземаат искуства од поразвиените земји, порачаа експертите на денешната Конференција на проценители во Охрид.
„Сите овие предизвици, промени имаат огромно влијание врз изразување на вредноста при проценките на проценителите поради тие влијанија ние ги поканивме претседателот на Европската асоцијација да ни помогнат, не само да ги следиме стандардите, туку и измените на стандардите коишто се неминовни“, изјави Валентина Младеновска претседателка на Комората на проценители на Македонија.
Комора на проценители од земјава е членка во Европската асоцијација на проценители (TEGOVA) и во Советот за меѓународни стандарди за вреднување, веќе, околу 10 години.
„Има многу предизвици со кои се соочуваат проценувачите, но во Северна Македонија еден од клучните е, како да се надминат прашањата поврзани со методологијата за проценување, јас ќе говорам за тоа“, рече претседателот на Европската асоцијација на проценители, Грзесик Крзустов.
„Целта денес е да се зголеми свесноста за меѓународните стандарди за проценување и како тие да се интегрираат во националните стандарди во Северна Македонија. Има многу предизвици, секој пазар е различен на секоја земја, има различни закони, но потребна е транспарентност и постојаност“, посочи директорот за технички стандарди од Советот за меѓународни стандарди за вреднување, Аронсон.
Предизвиците и примена на методите за вреднување во услови на нестабилни пазари, е тема на 7-та Меѓународна конференција на проценители што деновиве се одржува во Охрид.
Соња Рилковска
