Шаќири: Над 700 стручни соработници се обучени за психосоцијална помош и поддршка на основци и средношколци
Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, разви Програма за психосоцијална помош и поддршка во основни и средни училишта, за зајакнување на капацитетите на стручните соработници за работа со ученици на унапредување на нивното менталното здравје и давање психосоцијална поддршка..

Добросостојбата на учениците и безбедната средина за развивање се предуслов за постигнување на добри училишни резултати. Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, разви Програма за психосоцијална помош и поддршка во основни и средни училишта, за зајакнување на капацитетите на стручните соработници за работа со ученици на унапредување на нивното менталното здравје и давање психосоцијална поддршка, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на 12 средба на секторската работна група „Образование, вработување и социјална политика“.
Објаснувајќи дека околу 700 стручни соработници од основните и средните училишта, професионалци за ментално здравје, се обучени за оваа програма, министерот Шаќири нагласи дека мрежата на стручни соработници ќе преземе водечка улога на ниво на училиште во справување со предизвиците во овој период.
Во средното стручно образование, реформата треба да резултира со подготвеност на младите луѓе по матурирањето брзо да се вклучат на пазарот на труд или успешно да продолжат во високото образование. Преку воспоставувањето Регионални центри за стручно образование и обука, целта е брза реакција кон нови вештини и брзо враќање на работа на возрасните како и ефикасно модулирање на програми за стручно образование и проширување со повисоки нивоа на квалификации. Концептот за воспоставување на Регионални центри за стручно образование и обука е усвоен во април 2022 година, врз чија основа се усвои и Концепција за средното образование на возрасните.
Во делот на легислативата, Министерството за образование и наука има усогласени текстови за новите закони за образование на возрасни и за стручно образование и обука, а за Законот за средно образование во тек е постапката на усогласување на финалната верзија на текстот на законот со другите институции.
