Младите лекари се соочуваат со проблеми при отворање на ординации
Долгата и сложена процедура, со големи финансиски трошоци, уште е проблем на младите лекари кои сакаат да отворат своја ординација. Во моментот електронскиот систем на Фондот за здравство со часови е во прекин, лекарите не можат да ги извршуваат тековните активности...

Долгата и сложена процедура, со големи финансиски трошоци, уште е проблем на младите лекари кои сакаат да отворат своја ординација. Иако пред крајот на минатата година во соработка со Министерството за здравство нивните барања се ставени на хартија, сè уште не се најдоа пред пратениците како измени на Законот за концесионерство.
Но и кога ќе основаат своја ординација, проблемите не стивнуваат. Во моментот електронскиот систем на Фондот за здравство со часови е во прекин, лекарите не можат да ги извршуваат тековните активности.
Од ФЗОМ велат, во периодов се прави модернизација на серверската инфраструктура и затоа се јавуваат одредени потешкотии во работата. На матичните лекари, аптеките, јавните здравствени установи и осигурениците им излегуваме во пресрет за да го олесниме пристапот до услугите што ги користат од Фондот.
Наташа Јанчиќ Менковски
