Влада
Ковачевски на промоција на книга „Политичка партиципација на лицата со попреченост“
18.05.2023 15:39
Ковачевски на промоција на книга „Политичка партиципација на лицата со попреченост“: Зголемен бројот на образовни асистенти, ослободување од партиципација за студирање, лицата со попреченост се повидливи и погласни...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на промоција на книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ на авторот Теодор Богоевски, кој е советник на премиерот Ковачевски, надлежен за лицата со попреченост.
Тој упати искрени честитки на авторот на исклучителниот напор и вложена енергија во создавањето на ова негово дело.
