МВР
Приведен велешанец за издржување тригодишна затворска казна
18.05.2023 16:55
Тој бил барано по централна потерница врз основа на наредба на Основен суд Велес за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 од Кривичниот законик...

Денеска на ул. „Јани Лукровски“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Д.(25) од Велес. Тој бил барано по централна потерница врз основа на наредба на Основен суд Велес за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР.
