Правда

Претставници од Норвешка го пренесоа своето искуство за дигитализација на судството

18.05.2023 18:03

Целосната дигитализација на судството ќе овозможи брз и едноставен пристап на граѓаните за добивање документи, обезбедување оптимални услови за вршење на судската и јавнообвинителската функција...

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со претставници од Норвешка кои го презентираа моделот на дигитализација во судството како и карактеристиките и перформансите што треба да ги има системот на нашата држава. Целосната дигитализација на судството ќе овозможи брз и едноставен пристап на граѓаните за добивање документи, обезбедување оптимални услови за вршење на судската и јавнообвинителската функција.

Дигитализацијата и интероперабилноста ќе придонесат да се зајакне довербата на јавноста и заштита на системот, побрза правда, намалување на корупцијата, ќе го олесни доставувањето на докази и документи, намалување на трошоците на судските постапки, како и намалување на бројот на одложени судења и нула хартија.