ТУРЦИЈА

Се заострува претседателската трка во Турција

18.05.2023 19:27

Главниот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу, вети дека ќе депортира милиони бегалци по доаѓањето на власт и дека нема да води мировни преговори со курдските екстремисти...

Се заострува претседателската кампања во Турција. Главниот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу, вети дека ќе депортира милиони бегалци по доаѓањето на власт и дека нема да води мировни преговори со курдските екстремисти. На изборните митинзи кандидатите нудат различни визии за иднината.

Реџеп Таип Ердоган, кој 20 години е во турската политика ветува мултилатерална земја и отворање на шест милиони работни места, Киличдароглу пак е убеден оти ќе ја врати демократијата и ќе ја насочи земјата кон Западот. Вториот круг од изборите ќе се одржи на 28-ми мај.