Нова претстава во Центарот за култура во Кичево
Пред публиката во Кичево, неделава премиерно беше изведена драмската претстава „Последната реплика“ според текстот на Габор Георге, во режија на Михајло Петрески...

Пред публиката во Кичево, неделава премиерно беше изведена драмската претстава „Последната реплика“ според текстот на Габор Георге, во режија на Михајло Петрески. Улогите ги толкуваат Весна Гаврилоска и Ристе Ѓорѓиески.
„Вечерва имавме прекрасна можност да проследиме една лесна комедија, која никого не остави рамнодушен. Би посакале театарски претстави што почесто да се играат во нашиот град, бидејќи културата е важен сегмент и повисок квалитет во животот на граѓаните на Кичево“ рече на посетителот Слободан Трпески.
Режисерот нагласи дека со оваа претстава ќе гостуваат во повеќе градови во земјава.
