Јапонија

Тридневен самит на Г-7 во Хирошима

19.05.2023 09:45

Лидерите изнаоѓаат построги санкции за казнување на Русија за нејзината 15-месечна инвазија...

Тридневен самит на земјите членки на групата Г-7 во Хирошима. Во фокусот војната во Украина. Лидерите изнаоѓаат построги санкции за казнување на Русија за нејзината 15-месечна инвазија.

Меѓу темите и заштитата од кинеската „економска принуда“. Домаќинот на самитот изјави дека Г-7 мора да го потврди единството и да одговори на важни прашања.

„Главната тема на овој самит е да се потврди единството на Г-7 и да се зајакне нејзината улога во остварувањето на хармонична меѓународна заедница наместо поделба и конфронтација, и да се дадат активни и конкретни придонеси за таа цел. Светот, сега, се соочува со повеќекратна криза: климатска криза, пандемија и руска инвазија на Украина“, изјави Фумио Кишида, премиер на Јапонија.

На состанокот ќе се обрати и украинскиот претседател Зеленски. Во Мировниот парк, оддадена почит на жртвите од првата атомска бомба во Хирошима. Во истовреме, на улиците протест против самитот на Г-7.

Како пандан на самитот на Г-7, кинескиот претседател Ши Џинпинг отвори дводневен состанок во Сиан со лидерите на петте централноазиски држави.