Свет
Расте бројот на жртви во Италија
19.05.2023 09:51
Делови од Италија се целосно поплавени откако се излеаја над 20 реки, а евакуирани се над 13.000 луѓе...

Бројот на загинати во поплавите во регионот Емилија-Ромања се искачи на 13 лица. Делови од Италија се целосно поплавени откако се излеаја над 20 реки, а евакуирани се над 13.000 луѓе.
Поплави и во Хрватска. Водата го проби насипот кај градот Сисак, а тешка е состојбата и во Петриње. Хрватскиот премиер најави помош за да се санираат штетите.
