фудбал

По 13 години Интер ќе игра во финале на Лигата на шампионите

19.05.2023 09:55

Во 2010 година Интер, во чии редови тогаш беше и Македонецот Горан Пандев, ја освои титулата, а сега е само на уште еден чекор да се повтори тој успех...

За првпат по 13 години Интер ќе игра во финале на Лигата на шампионите. Во 2010 година Интер, во чии редови тогаш беше и Македонецот Горан Пандев, ја освои титулата, а сега е само на уште еден чекор да се повтори тој успех.

Интер во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид, а тренерот на Нераѕурите, Симоне Инѕаги вели дека ова е успех кој не го очекувале ниту челниците на клубот.

За Интер ова ќе биде шесто финале во Лига на шампионите, а во клупските витрини имам три пехари од елитното натпреварување на УЕФА.