Киев повторно цел на руските напади
Украинската одбрана тврди дека уништила 19 од вкупно 28 дронови и проектили, лансирани од Русија...

Нови руски напади врз Киев. Украинската одбрана тврди дека уништила 19 од вкупно 28 дронови и проектили, лансирани од Русија. Москва обвинува за украински артилериски оган во руски Белгород, во кој загинале најмалку две лица.
Претседателот Зеленски одржа состанок со воениот кабинет и ги пофали војниците за одбраната во Бахмут. На средбата разговарано за претстојната офанзива и за добивање дополнителни системи за противвоздушна одбрана и оружје со долг дострел.
На состанокот на Советот за безбедност на ООН ,посветен на испораката на оружје за Киев, постојниот руски претставник, Василиј Небензја, изјави дека Русија го задржува правото да ги преземе сите неопходни мерки за неутрализирање на безбедносните закани кои потекнуваат од територијата на Украина.
