Пелистер во финале против МЗТ Скопје
Пелистер го победи ТФТ Моцарт како гостин со 84-82 и со 2-0, втора година по ред обезбедија пласман во големото финале. Во него, како и лани, ќе го предизвикаат деветкратниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје и ќе се обидат да му ја прекинат доминацијата во домашната кошарка...

Пелистер го победи ТФТ Моцарт како гостин со 84-82 и со 2-0, втора година по ред обезбедија пласман во големото финале. Во него, како и лани, ќе го предизвикаат деветкратниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје и ќе се обидат да му ја прекинат доминацијата во домашната кошарка. Екипата на Пелистер ќе игра во големото финале на македонската кошарка. И уште еднаш, втор пат во серија, ќе го предизвика актуелниот освојувач на шампионската титула, МЗТ Скопје Аеродром, во обид да го донесат победничкиот пехар во Битола. Синоќа битолскиот клуб беше подобар од ТФТ. Макар што позитивата не беше поголема од седум поени, како во 16. минута (34:27) по поените на Карутерс. Водеше Пелистер и на полувремето (50:45).
Карутерс и Маслинко кои реализираа по 13 поени, беа и најзаслужни што „зелено-белите“ стигнаа до „педесетката“. Дадоа три од петте тимски тројки на гостинската екипа.
