Италија
Маж со автомобил упаднал во Апостолската палата во Ватикан
19.05.2023 10:11
Британските медиуми јавуваат дека зад воланот бил маж на возраст од 40 години, кој бил во нестабилна психичка состојба...

Маж со автомобил го пробил обезбедувањето на портата на Ватикан, стигнувајќи до централниот двор на Апостолската палата, каде што папата Франциск сè уште одржува официјални состаноци.
Британските медиуми јавуваат дека зад воланот бил маж на возраст од 40 години, кој бил во нестабилна психичка состојба. Тој ѝ се предал на полицијата, откако еден од швајцарските гардисти пукал во автомобилот.
