Изложба

Изложба со наслов „Мазал Тоф“, во Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија

19.05.2023 10:42

Еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни, фотографии и предмети“. Изложбата се организира во сеќавање на 80 години од депортирањето на Евреите од Македонија, што е најголемото зло што се случува во 20-от век...

Денеска во 19 часот во Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија се отвора изложба со наслов „Мазал Тоф“. Еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни, фотографии и предмети“. Изложбата се организира во сеќавање на 80 години од депортирањето на Евреите од Македонија, што е најголемото зло што се случува во 20-от век. Фотографиите и предметите се заоставштина и богатство од луѓе што ги подаруваат на Фондот со цел да биде зачувани во сеќавање на луѓето што живееле во Македонија, а животот го губат на ѕверски начин.

Ова е потсетување на историјата за никогаш да не се заборави и запишување никогаш да не се повтори. Ваквите активности имаат хумана и едукативна функција за поколенијата што растат и живеат во слобода.